Дали е ова НОВАТА ДЕВОЈКА на Бред Пит? Соседка му е и е 23 години помлада од него (ФОТО)

popara28 јануари, 20221min00
Screenshot_8

Во последните неколку дена се шушка дека Бред Пит има нова девојка. Неименувани извори тврдат дека Бред конечно се смирил по разводот, а наводно неговиот избор е шведската пејачка Лики Ли.

 

Според „The Sun“, Бред и Лики се веќе извесно време во врска. Парот наводно се зближил минатата година, пред се благодарение на тоа што живеат блиску еден до друг. Популарниот инстаграм – профил „Deuxmoi“ прв започна со „озборувања“, но набрзо се беше демантирано.

 

Сепак, извор близок до магазинот „The Sun “ изјави дека тие двајца се во врска. Како што открил, пејачката живее во квартот „Los Feliz“ во Лос Анџелес и е на само три минути возење од Бред.

 

Нивната врска одлично се разви бидејќи се во непосредна близина, што дефинитивно придонесе за нивно зближување.

По трауматичниот период, поради разводот со Анџелина Џоли, со која има три биолошки и три посвоени деца, Бред го поврзуваа со многу заносни убавици. Некои од најпознатите се Сандра Булок, Шарлиз Терон, но и неговата поранешна сопруга Џенифер Анистон. Јавноста навиваше тие двајца да се смират и да ја обноват врската, но тоа не се случи.

 

Сега се чини дека Бред повторно е среќен, а парот е забележан во еден од популарните холивудски ресторани.

 

Лики Ли е родена во Истад, Шведска. Таа го издаде својот прв албум „Little Bit“ во 2007 година. Ја прослави песната „I Follow Rivers“ која има повеќе од 80 милиони прегледи на „YouTube“. Таа е мајка на шестгодишното момче Дион, кое го доби со музичката ѕвезда Џеф Баскер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma