ТРИ трендови кои повторно ќе станат МОДЕН ХИТ во 2022 година (ФОТО)

popara29 јануари, 20221min00
25440b894a3be5b476319e77e8bf2c7e4a497a0b

Ви го претставуваме враќањето на модните трендови кои годинава ќе станат неизбежни.

Модата оваа сезона е инспирирана од модните трендови од изминатите децении. Време е да се вратиме на пастелните нијанси од 2000-тите и големите цветни принтови од 90-тите. Тука се и неизбежните марами, кои повторно ќе најдат места во нашите плакари. Ви претставуваме три тренда кои се закануваат да доминираат на модната сцена во 2022 година.

  1. Големи цветни принтови

Големото враќање на модата од 90-тите и 2000-тите ќе го означи враќањето на големите цветни принтови. Разбијте ги монотоните тонови со цветен џемпер или ефектно мини здолниште со впечатлив цветен дезен. Сите погледи ќе бидат вперени во вас кога ќе се појавите во впечатлив цветен фустан.

  1. Пастелни бои

Пастелните бои се совршен начин да ја освежите секоја модна комбинација оваа сезона. Лаванда маичка или панталони во боја на лимон можат да додадат посебен шмек на вашата облека. Пастелните бои се синоним за ведрина, среќа и пролет – тие ќе бидат совршено освежување на вашата гардероба.

  1. Марами

Барајќи инспирација од Грејс Кели од 50-тите па се до модните икони од раните 2000-ти, овој тренд доаѓа и си оди во модниот свет речиси половина век. Лесно можеме да сфатиме зошто постојано се враќа – изгледа толку добро. Овие марами се лесни за стилизирање и изгледаат шик со која било облека. Замотајте марама преклопена на половина околу главата, пронајдете ги вистинските очила за сонце и се претворивте во холивудска ѕвезда од 50-тите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma