„Пристигнува во февруари 2022 година“, напиша Арнолд
Актерот Арнолд Шварценегер дефинитивно има нов проект за публиката. Имено, тој на социјалните мрежи изјави дека ќе се најде во улогата на Зевс.
Терминатор објави фотографија на која покажува како изгледа во таа улога.
„Пристигнува во февруари 2022 година“, напиша Арнолд.
Објавата може да ја погледнете ОВДЕ.
Обожавателите беа воодушевени, го опсипаа со коментари дека изгледа моќно и едвај чекаат да го видат во улогата на Зевс. Сепак, една работа е навистина збунувачка.
Имено, никој не знае ништо за овој проект. На специјализираниот сајт за филмови и серии IMdB не пишува ништо за него.
Некои дури спомнуваат дека Арнолд наводно снимил реклама за Супер Боул во ова издание.
Сепак, сето тоа се шпекулации. Најдобро е да почекаме до февруари и да дознаеме.