Уличниот стил на актерката, достоен за модната писта.
Неделата на висока мода во Париз собра голем број дизајнери, трендсетерки, модни новинари и експерти, како и познати личности со стил да ја проследат пролетната колекција на мода за 2022 година. По тој повод, во градот на светлината се појави холивудската актерка Марго Роби, која донесе гламур во бело од глава до пети.
Долгогодишната амбасадорка на легендарната француска куќа, пркосејќи му на јануарскиот студ, облече предимензиониран капут, интересен крој со пократки ракави, под кој носеше светкав мини фустан во боја на шампањ – двете парчиња од колекцијата на Шанел за пролет 2022 година.
Таа ги сведе модните детали на минимум, избирајќи бели, кожени чизми до глужд, спарени со мини бела чанта од Шанел, дизајнирана да собере само безжични слушалки.
Прилично смел стајлинг во најстудениот зимски месец, но и многу софистициран и инспиративен.