
Не ги жали парите кога е таа во прашање
Кристијано Роналдо по долгогодишна потрага, сродна душа најде во Џорџина Родригез.
Фудбалскиот ас отсекогаш сонувал за големото семејство кое го основаше со Џорџина, а колку е среќен говори и тоа што сака да и ги исполни сите желби. Поранешната манекенка е бремена, парот чека близнаци, а прославата на нејзиниот 28-ми роденден мораше да биде посебна.

Целиот пост можете да го погледнете ОВДЕ.
Најпознатиот фудбалер на светот ја изненади својата избраничка со оригинален скап подарок. Имено, на Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот, тој објави фотографија од неа со специјална роденденска честитка. Манекенката на Инстаграм покажа дел од оваа прослава, но и својот гламурозен подарок.

Родригез и Роналдо ја добија ќерката Алана (4), а тој има и син Кристијано Роналдо Јуниор (11) и близнаци, ќерка Ева и син Матеа (4), кои ги доби со помош на сурогат мајка и семејството наскоро ќе има двојно засилување.