Февруари е пресвртница, раскрсница меѓу зимата и пролетта
Почетокот на годината обично е време за донесување големи одлуки и промени во животот.
А февруари е многу важен во таа приказна.
Според енергетското толкување, февруари е месец кој претставува пресвртница, раскрсница помеѓу пролетта и зимата, период кога е важно да се определи по кој пат ќе тргнеме.
Затоа е важно до крајот на овој месец да се ослободите од сите лоши работи кои ве саботираат, пред се од овие четири токсични навики:
- Сомнежи, стравови и комплекси
Прилично е тешко да успеете во февруари доколку ве оковаат стравови и сомнежи. Факт е дека ова време е погодно за активности кои бараат храброст. На тоа укажува дури и положбата на планетите. Ако сакате да успеете во бизнисот и љубовта, важно е да си кажете „Можам“, „Ќе успеам“, „Имам храброст да ги постигнам своите цели“. Можете да ги надминете сите неволји ако имате оптимизам во срцето.
- Ослободете се од влијанието на токсичните луѓе
Престанете да комуницирате со оние кои секогаш имаат сомнежи, негативност, ве поттикнуваат да се сеќавате на грешките од минатото и негативните емоции. Ако не можете да ги избегнете токсичните луѓе, обидете се да научите како да се справите со нив на вистински начин.
Не ги слушајте и не се расправајте со нив. Ова може да создаде сомнежи и стравови кај вас, да ја наруши вашата самодоверба и негативно да влијае на другите аспекти од животот.
- Мрзеливост и апатија
За да најдете успех и среќа, треба помалку да одолговлекувате и да бидете активни во работите што сакате да ги постигнете. Апатијата може да настане и поради погрешни или претешки задачи, затоа потрудете се да не си поставувате превисоки амбиции, туку одете чекор по чекор кон целта.
Заменете ги со нешто поедноставно и поразбирливо. Борете се против меланхоличкото расположение, посветете се на омилените хобија и пријатните активности.
- Застарени односи
Пријателствата и љубовните односи кои не носат задоволство можат да станат тежок товар во февруари. Не посветувајте љубов и емоции на луѓе кои не ве сакаат или почитуваат.
Посветете се само на луѓето кои ја заслужуваат вашата љубов, на оние кои ве сакаат, почитуваат и се искрени со вас.