КАКО ДА ЈА ЗАЧУВАМЕ БОЈАТА НА КОСАТА: Најчестите грешки што ги правиме по бојадисувањето и како да ги исправиме

popara30 јануари, 20221min00
Gigi-Hadid

Сакаме да го задржиме чувството и изгледот на свежо бојадисана коса што е можно подолго по излегувањето од фризерскиот салон, а тоа станува полесно ако обрнеме внимание на 4-те главни фактори во негата на обоената коса

Доколку сте решиле да го промените имиџот и да ја промените бојата на косата, без разлика дали сте се одлучиле за потемна или посветла нијанса, неонска или бронзена, бојата со текот на времето најчесто се менува – избледува. За да може бојата подолго да изгледа свежо, а косата да биде поздрава, треба да обрнеме внимание на следните четири чекори кога ја негуваме дома:

Миење

За почеток, косата не треба да се мие 72 часа (т.е. 3 дена) по бојадисувањето бидејќи порите на косата се отворени поради што голем дел од бојата се измива. Исто така, не се препорачува миење со топла вода бидејќи може да предизвика оштетување, па подобро е да ја миете косата со млака вода.

Зачестеноста на миење на косата е исто така важна. Иако зависи од личноста, препораката на фризерите е да не ја миете косата премногу често, оптимално 1-3 пати неделно.

Производи

Ако ја фарбате косата, побарајте шампони, балсами и други производи за коса без сулфати и силикони. Сулфатите ја сушат, а силиконите се таложат на косата и двата процеса доведуваат до оштетување. Кога станува збор за боите за коса, препорачливо е да ги избегнувате оние кои содржат амонијак бидејќи, иако е ефикасен и брз кога станува збор за боењето, долгорочно го иритира скалпот, ја оштетува косата и предизвикува брза промена на бојата.

Регенерација

Оштетената коса нема да ја задржи својата боја толку здрава и хидрирана, па затоа се препорачува да користите маски и третмани кои ја негуваат бојадисаната коса.

Топлина

Фен за коса, фигаро, пегли… уреди кои користат топлина за стилизирање ја оштетуваат косата и придонесуваат за избледување на бојата, па затоа се препорачува да се избегнуваат или минимално да се користат, а доколку се неопходни при стилизирање, дефинитивно е препорачливо да се користат прозводи со топлинска заштита.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma