НЕВЕРОЈАТНО Е КОРИСНА! 7 трикови со хартија за печење што треба да ги знаете

popara31 јануари, 20221min00
Хартија-750x475

Покрај добро познатиот трик за колачите да не се залепат на тавата, со хартијата за печење можете да решите и некои други ситни проблеми во домот.

Еве 7 нови начини како да користите хартија за печење кои ќе ви го олеснат животот.

Обложете ги полиците

Ставете ја хартијата за печење врз висечките елементи во кујната каде што се собира прашина и се лепи маст од готвењето. Менувајте ги на неколку месеци и ќе се изненадите колку нечистотија ќе остане на нив. Оваа хартија можете да ја користите и за обложување на фиоките и внатрешните полици во кујнските елементи.

Исчистете го подот

Искористете ја хартијата за печење како крпа за да го избришете подот и избришете на вообичаен начин. Ќе ја собере целата нечистотија од подот и ќе го исполира со восокот кој го има на себе.

Исчистете ја пеглата

Ако пеглата ви се залепи, направете го следново: посипете сол на хартијата за печење и кога пеглата ќе се загрее до максимум, лесно тријте додека не се отстрани целата нечистотија.

Спречете го шкрипењето на вратата

Истријте ја вратата што чкрипи бидејќи се заглавува при затворање и отворање со хартија за печење и ослободете се од непријатниот звук. Восокот од хартијата ќе ги премачка рабовите и вратата полесно ќе се затвора и отвора.

Зачувајте го градинарскиот алат

По употреба, исчистете ги градинарските алати со оваа хартија. Покрај лесното отстранување на остатоците од земјата, хартиениот восок ќе го заштити металот од ‘рѓа.

Одглавете го заглавениот патент

Доколку забележите дека патентот на јакната или чантата некаде заглавува, истријте го со хартија за печење и подмачкајте ги запците! Ќе биде како нов.

Исчистете ги металните шипки

За полесно да се лизгаат прстените на завесата за туширање, истријте ја шипката со хартија за печење и на тој начин подмачкајте ја и избришете ја од прашината која секако се залепила со времето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma