Во средината на зимата, кога се уште има долги ноќи и кратки денови, уморот се повеќе се таложи во телото, ни го расипува расположението, а негативните вести создаваат дополнителни стресни ситуации.
Оваа состојба, според рускиот диететичар, д-р Михаил Гинзбург, ја влошува и нашата неквалитетна исхрана.
Конзумирањето повеќе јајца, житарки, мешунки и јаткасти плодови, сите богати со магнезиум, е од суштинско значење за полесно справување со стресот. Мисиркиното месо, исто така, врши одлична работа.
„Оваа храна е богата со корисни протеини, витамин Б-6, кој е одличен за функцијата на мозокот и доброто расположение, но и амино киселините триптофан и фенилаланин. Амино киселината фенилаланин е претходник на допаминот во мозокот, многу важен невротрансмитер кој помага да бидеме посигурни, мотивирани, помалку нервозни“, вели специјалистот.
Обидете се да бидете сити – тоа го смирува мозокот, нагласува Гинзбург. Чувството на анксиозност и склоност кон депресија доколку не се храниме правилно може да предизвикаат микровоспаление во дигестивниот тракт. За да ги спречите, треба да користите ферментиран зеленчук што е можно повеќе во исхраната во текот на февруари: тој е богат со диетални влакна и лактобацили, млечно кисели бактерии кои ја подобруваат цревната микрофлора.