Red Hot Chili Peppers објавија дел од нивната нова песна: Новиот албум ќе се разликува од другите

popara31 јануари, 20221min00
profimedia-0648875667-830x0

– Секако дека ќе звучи поинаку, но ќе звучи како ние четворицата бидејќи имаме посебна хемија заедно – изјави тапанарот Чад Смит.

Red Hot Chili Peppers работат на нов албум, а на социјалните мрежи објавија како звучи дел од една нивна песна.

Аудио-визуелната снимка трае 18 секунди, а многу фанови шпекулираат дека овој дел го свири повратникот во групата Џон Фрусканте.

Инаку, тапанарот на групата Red Hot Chili Peppers, Чад Смит, во октомври минатата година изјави дека албумот е при крај. Тоа ќе биде првиот (албум) на кој ќе свири гитаристот Џон Фрусканте по албумот „Стадиум Аркадиум“ од 2006 година.

Како звучи парчето од новата песна на Red Hot Chili Peppers можете да слушнете ОВДЕ.

Во интервју за Ролинг Стоун, Смит рече дека бендот „одлично се сложува“. По десетгодишно отсуство од групата, Фрусканте повторно се приклучи во 2019 година, заменувајќи го Џош Клингхофер.

Смит рече дека групата не се фокусира на обидот да го направи новиот албум успешен како претходните.

– Секако дека ќе звучи поинаку, но ќе звучи како ние четворицата бидејќи имаме посебна хемија заедно. Звучи како Red Hot Chili Peppers, но е различно и ново, и за мене е одлично… Навистина ни се допаѓа и се гордееме со тоа и оттука треба да се почне – изјави тапанарот.

Иако не го откри датумот на издавање на 12-тиот студиски албум на бендот, Смит рече дека сè уште неименуваното издание ќе биде објавено пред Peppers да ја започнат својата голема глобална турнеја на стадионите во средината на 2022 година, пишува NME.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma