Омилените чизми за преодната сезона се убави, но со себе носат огромна замка – лесно се валкаат и можат многу брзо да изгледаат истрошено и како да е време за корпата за отпадоци. Како да им се продолжи животот?
Секоја есен и пролет, чизмите од превртена кожа, без разлика дали се високи или до глужд, се враќаат со стил и нема вљубеник во модата кој нема барем еден пар такви чевли. Тоа е безвременски тренд кој секогаш изгледа прекрасно и на изгледот му дава доза на елеганција и женственост, а за овие чевли да траат подолго – следете ги овие совети.
Користете заштитен спреј
Таканаречениот импрегнациски спреј за чевли е вашата прва заповед за одржување на чевли од превртена кожа. Се користи и за чистење и за долготрајна заштита на кожните обувки од вода, влага и други неповолни услови кои можат да доведат до пукање.
Следете ја временската прогноза
Чевлите од превртена кожа не реагираат добро на снег, дожд и лапавица и се многу чувствителни. Дури и ако користите заштитен спреј, избегнувајте да ги носите овие чизми на влажно време.
Редовно четкајте ги
За суво четкање на таквите чевли, користете четки со нежни и природни влакна барем еднаш во неколку дена, ако не и секој ден.
Повремено изложувајте ги на пареа
Ставете ги на жешка пареа и четкајте ги со четка дизајнирана за нега на овој материјал и ќе ги отстраните сите дамки и нечистотија.
Внимавајте каде ги ставате
Бидејќи е природен материјал, при чување на чизмите во потоплите месеци, наместо пластична кеса изберете некоја од ткаенина за да и овозможите на кожата на чевлите да „дише“.