Маска за лице идеална за ДЕТОКС НА КОЖАТА: Потребните состојки секако ги имате дома

popara2 февруари, 20221min00
3633583d083b920771c8e9998050279183350a52

Направете своја маска за детоксикација за лицето од состојки од вашата кујна.

Како и телото, така и кожата се заморува, стресот, недостатокот на сон се рефлектираат на лицето, а загадениот воздух и сите нездрави навики оставаат свои последици.

Барем еднаш неделно почестете ја вашата кожа со грижата што ја заслужува – ставете маска за детоксикација на лицето, која можете да ја направите од состојките што ги имате дома.

Кафето е познато како диуретик, а го намалува отокот на лицето и ја навлажнува кожата. Антиоксидансите во какаото во прав се добри сојузници во борбата против стареењето, а јогуртот обезбедува интензивна влажност за видливо сјајна кожа.

Состојки:

– 1 лажица мелено кафе

– една лажица сурово какао во прав

– 2 лажици јогурт (или маслиново масло)

– 1 лажичка мед

Подготовка:

Во помал сад ставете ги сите состојки и измешајте додека не добиете мазна паста. Нанесете на кожата и оставете да делува околу 20 минути. Исплакнете со топла вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma