Еве во кои случаи парацетамолот е опасен

popara4 февруари, 20221min00
Screenshot_7

Парацетамолот е еден од најдостапните и најпопуларните лекови кој помага при главоболки, болки во мускулите, а исто така ја намалува и телесната температура. Сепак, лекот не треба да се користи во случај на некои реакции на организмот, пишува „Дејли експрес“.

 

 

Доколку кожата пожолте по внесување на парацетамол, неопходно е да се консултирате со лекар, бидејќи тоа е сигнал дека има проблеми со црниот дроб кои би можеле да ја влошат употребата на парацетамол.

 

Друг проблем може да бидат алергиите.

 

„Во случај на тешко и нерамномерно дишење задолжително да се консултирате со лекар. Алергиска реакција од парацетамол може да се појави во форма на осип, проследена со чешање, црвенило, отечени делови од кожата, плускавци и кожа која се лупи“, се вели во текстот.

 

Претходно, рускиот лекар Александар Мјасников изјави дека употребата на повеќе од 15 таблети месечно може да доведе до болка, која се манифестира секогаш кога човек користи лек од истата група.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma