
Велат дека нема лето без морнарски стил, но овој мотив одлично се вклопува во студените денови
Додека беше на брегот на Франција, легендарната Коко Шанел уште во 1990-тите дошла на идеја да ја направи наједноставната верзија на маица на морнарски пруги.
Инспирацијата ја нашла кај локалните рибари, а по морнарската маичка, пругите се префрлени на панталони, фустани, шалови, чевли и чанти.
Ова се дел од ненадминливите комбинации …
- Во комбинација со црни и едноставни парчиња
Љубителите на пругите, но и црните бои, овој дизајн ќе можат да го вклопат со едноставни парчиња. Овие комбинации се вклопуваат и со чизми и популарна стара облека.
- За секој ден
Со беж капут, сите риги изгледаат класично и елегантно. Комбинација за носење за секој ден.
- Како моден детал
Не мора ни да го носите секое парче, џемперот во оваа комбинација има улога на моден детал. Облечен преку капут изгледа необично, но доста ефективно.
- За кежуал варијанти на работа
Оваа варијанта е одлична за деловни варијанти, во исто време лежерна.
- Тенок џемпер за сончеви зимски денови
Фармерките со висок струк одлично се вклопуваат со овој тип на тенок џемпер.