Хејли Бибер се омажи за Џастин кога имаше 21 година, а сега искрено зборува зошто сè уште не сака деца

popara5 февруари, 20221min00
Screenshot_3

Хејли и Џастин Бибер се еден од најпознатите парови.

 

Тие се венчаа многу млади, кога Хејли имаше само 21 година, а Џастин 23.

 

По почетокот на бракот се појавија приказни за деца, а Хејли неодамна во едно интервју одговараше на прашања дали сака наскоро да се реализира во улогата на мајка.

 

Манекенката изјавила дека не брза да го прошири семејството, а порано имала поинаков начин на размислување.

 

Хејли вели дека сега има различни приоритети:

 

– Мислам дека ми е всадено дека ќе сакам веднаш да имам деца и дека ќе сакам да имам деца како многу млада жена. Потоа наполнив 25 години и реков: „Сè уште сум многу млада! – вели Хејли.

 

Таа го истакна и фактот дека многу работи за бракот се претпоставуваат:

 

– Прво доаѓа љубовта, па бракот, па бебето, но што е со сите работи што сакам да ги постигнам во мојата работа?

 

Познатата манекенка сега се фокусира на професионалната кариера и личните проекти, а проширувањето на семејството сѐ уште го остава за некој нареден период.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma