Легендарниот детал за неа бил ноќна мора: Ума Турман раскажа за досега непознати детали од филмот „Kill Bill“

popara6 февруари, 20221min00
212135_142835-profimedia0097939357-ff_ff

Актерката Ума Турман глумела во многу филмови, но особено еден од нејзините ликови остана интригантен, и поради нејзиниот лик и поради нејзиниот костим, кој е за паметење. Имено, нејзината коса која ја носи во филмот „Kill Bill“ остана особено впечатлива, но таа сега даде едно признание. Турман не сакала да го носи тој жолт костим.

Неколку месеци по раѓањето на нејзиниот син, кој го доби со колегата Итан Хок, таа во 2003 година почна да го снима филмот на Квентин Тарантино, кој остана многу впечатлив во светската кинематографија.

Uma Turman, Itan Houk

Во една емисија, актерката раскажа колку удобно го носи тој костим и дека чувствува вознемиреност, но дека костимографите направиле се за да го спречат тоа чувство.

– Навистина не сакав да носам жолта тренерка. Штотуку родив син и секој кој штотуку добил дете нема да сака да носи тесна облека, би имале многу нервози – изјави таа во емисијата.

– Значи, имаше многу тренинзи, многу работа и многу брилијантна костимографија за да се рекреира изгледот на Брус Ли додека ми го покриваше стомакот – додаде актерката.

Нејзината огорченост поради жолтиот костим се одрази на тоа што таа му рекла на Квентин Тарантино дека мисли дека тој намерно сака таа да ја носи таа гардероба за да ја направи кловн, пренесува Дејли Меил.

– Ума ја мразеше жолтата тренерка. Таа ја мразеше. Таа не го сфаќаше. Мислеше дека личи на сладолед, сладолед од банана. Таа едноставно не беше за неа. Практично немаше поим кој е Брус Ли. Конечно морав да и го прикажам филмот „Игра на смртта“ (во главна улога на Брус Ли). Таа некако го прифати – изјавил претходно Тарантино.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma