ФЕНГ ШУИ совет како да ja спречите лошата енергија која владее во домот: Доколку ги имате ОВИЕ ЧЕТИРИ ПРЕДМЕТИ, ослободете се од нив СЕГА

popara10 февруари, 20221min00
5cae7c825fbfcba028ca8f1bab9d7fc85a740d5c

Сè во вашата куќа содржи енергија, велат експертите за фенг шуи.

Според фенг шуи филозофијата, сите предмети во вашиот дом, од најголемите до украсите и ситниците – имаат свое енергетско поле кое може да биде позитивно или негативно.

Имено, некои од овие предмети се повеќе од непожелни во вашата близина во просторот во кој живеете, бидејќи со себе носат лоша и негативна енергија и можат да влијаат на здравствени проблеми.

Еве неколку работи од кои според фенг шуи експертите мора веднаш да се ослободите доколку сакате да ја вратите рамнотежата и позитивната енергија во вашиот дом.

Неисправни домаќински апарати

Електричните апарати претставуваат сила и моќ во вашиот дом. Доколку имате апарати кои долго време не сте ги користеле, расипани се или не функционираат – ослободете се од нив што е можно поскоро!

Неисправните домашни апарати и техниката што ја користите во домаќинството според принципите на фенг шуи може да донесат многу здравствени проблеми, деловни неуспеси и проблеми во емотивните односи.

Суви цвеќиња

Живите растенија се многу добри – тие носат позитивна енергија и симболизираат раст и просперитет. Сепак, ова правило не важи за аранжмани на исушени цветови или растенија кои овенале.

Фенг шуи методот тврди дека исушените и овенати цветови ја црпат енергијата и дека поради тоа може да се чувствувате уморно, исцрпено и безволно. Сувото цвеќе во домот поттикнува чувство на копнеж, носталгија и создава чувство на недостаток на сила. Се препорачува што поскоро да се ослободите од исушените и овенати цветови.

Храна

Според фенг шуи, храната ја претставува вашата способност да давате и примате љубов. Ако во фрижидерот имате храна која е расипана или со истечен рок, тоа наводно може негативно да влијае на вашите односи во животот, со семејството, децата и пријателите, како и со партнерот.

Затоа, проверете ги фрижидерот и оставата и што е можно поскоро ослободете се од се што повеќе не може да се јаде.

Лекови со поминат рок

Според правилата на фенг шуи, сите фармаколошки производи и производи за нега со поминат рок, вклучително и лекови, креми, гелови за туширање, дезодоранси итн., мора веднаш да се исфрлат бидејќи повеќе не се употребливи бидејќи содржат токсични материи. Таквите производи може негативно да влијаат на вашиот сон, чувство на смиреност, но и ментална рамнотежа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma