Кога станува збор за бањата, нема ништо поважно од чистотата и пријатниот мирис. Но, често се случува свежината да не може долго да трае. Сепак, и за тоа има решение
Направете коцки за тоалетна школка кои ќе ја дезинфицираат и ќе му дадат убав мирис на вашиот тоалет.
Состојки:
две чаши сода бикарбона
половина чаша лимонтус
25 капки есенцијално масло
Минерална вода
Подготовка:
Измешајте сода бикарбона и лимонтус, додадете етерично масло, па полека прелијте со кисела вода. Со раце обликувајте ја смесата, па истурете ја во калап (на пример за мраз) и оставете да се исуши преку ноќ.
Следниот ден, добиената коцка или топка ставете ја во тоалетната школка и вашата бања веднаш ќе замириса.