ТАБАТА ТРЕНИНГ ОД 4 МИНУТИ: Губење килограми и затегнување на телото во рекордно време

popara14 февруари, 20221min00
fitnes

Постои совршен сет на вежби за слабеење кои бараат од вас да се вклучите само четири минути дневно. Не е шега, сериозни сме! Ова се нарекува Табата и е високонапонски тренинг.

Сепак, Табата е повеќе начин на вежбање отколку самата вежба.

За дваесет секунди силен тренинг со паузи од 10 секунди, со помош на овој тип на тренинг можете да ја согорите секоја дополнителна калорија во телото за само четири минути.

Д-р Изуми Табата е човекот кој го дизајнираше овој тренинг, според кој тренираат и светски спортисти.

Долги години овој начин на тренирање е тестиран за да се дојде до сега веќе потврдениот резултат дека со помош на овој начин на вежбање можете екстремно брзо да го изгубите вишокот килограми.

Што се однесува до самите вежби, изборот е ваш: еден ден можете да правите склекови во комбинација со сквотови, следниот ден можете да правите стомачни комбинирајќи ги со трчање во место, следејќи го темпото од 20 секунди интензивно вежбање, а потоа 10 секунди лесен тренинг.

Тренингот Табата гарантира:

– Здраво слабеење.
– Дефинирање на мускулите на целото тело.
– Намалување на крвниот притисок.
– Олеснување на стресот.

Тренингот е дизајниран така што може да го вежбаат и професионални спортисти и аматери. За вежбање во теретана, но и дома.

Важно е само да вежбате четири минути секој ден по совет на д-р Табата.