
Блејк Лајвли, ѕвездата на серијата „Gossip Girl“, неодамна се појави на црвениот тепих на Бродвеј, на премиерата на мјузиклот „The Music Man“.
Актерката и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, исто така актер, дојдоа да му дадат поддршка на колегата Хју Џекмен, кој се врати во својот омилен жанр.
На премиерата присуствуваа бројни познати личности, но Блејк беше во центарот на вниманието. Сепак, ретки се жените кои би се осмелиле да облечат виолетово одело, па актерката уште еднаш покажа зошто важи за една од најдобро облечените.
Имено, Лајвли носеше елегантно виолетово одело, кое се состои од широки панталони и долго сако. ериозноста на оделото, Блек ја „скрши“ со длабоко деколте.
Нејзината тоалета, кој припаѓа на новата пролетна колекција, ја потпишува креаторот Серџо Хадсон. Познато е дека Блејк ја избира својата гардероба за сите пригоди, а веруваме дека комбинацијата на стајлинг што сега ја избра ќе стане инспирација за многу дами ширум светот.

Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс се сметаат за еден од најхармоничните бракови во Холивуд. Годинава слават десет години брак.