Немате партнер за ДЕНОТ на вљубените? Сепак, не е толку лошо, а причината е неверојатна

popara14 февруари, 20221min00
9fb648beb509e6490619a449b65b1c4183b0d86d

Научниците тврдат дека немате причина да се чувствувате осамено

Бидејќи Денот на вљубените е тука, многу луѓе кои немаат партнер чувствуваат самосожалување. Сепак, научниците тврдат дека тоа не треба да ги оптоварува.

На овој познат ден кога повеќето парови ја слават својата љубов, 14 февруари, самците можат да се чувствуваат изолирано и осамено, забележуваат истражувачите. Сепак, тоа не треба да ги загрижува, бидејќи ова може да биде добро за нив.

Нема причина за грижа

– Истражувањата во последните десет години покажуваат дека осаменоста е повеќе од лично искуство, бидејќи може да му помогне на поединецот подобро да се прилагоди на специфичните услови на околината – велат Џон Кациопоат и неговиот тим од Универзитетот во Чикаго. Тој во извештајот објавен во списанието „Cognition and Emotion“ пишува дека, благодарение на осаменоста, луѓето имаат поголема веројатност да ги пренесат своите гени.

– Болката што ја чувствуваат осамените луѓе служи за обновување на врските што ни се потребни за опстанок и зголемување на довербата во општеството и колективното дејствување – додаде тој.

Сепак, има и лоши вести – истражувачите велат дека другите гледаат негативно на самците во однос на нивното психосоцијално функционирање, па дури и привлечност.

„Во општеството, луѓето кои не се сами имаат негативен став кон истите, што ги прави да се чувствуваат уште поизолирани“, пишуваат истражувачите. „Покрај тоа, поединци ги оценуваат луѓето од спротивниот пол, кои се сами, како помалку социјални.

Не очајувајте, доколку немате партнер за овој празник, најдете си хоби, па посветете им се на пријателите, добра книга или филм, а кога е љубовта во прашање, таа е секогаш присутна, само треба да се препознае во вистинско време.