Заблескајте за Денот на вљубените: Три ПРОФИ СОВЕТИ од познатите шминкери

popara14 февруари, 20221min00
77b2e15fc9ac70637fd91adeb0e29052422fe3c4

Позната шминкерка сподели со нас неколку предлози кои ќе ви помогнат да ја подигнете вашата заводливост на уште повисоко ниво на 14-ти февруари!

Пристигна најкраткиот, а сепак најслаткиот месец во годината – февруари, месецот на љубовта. Ако веќе размислувате како да се претставите во уште позаводливо светло за Денот на вљубените, да го маѓепсате партнерот или да привлечете нова љубов, тогаш сте на вистинското место.

Црвени усни

Дали има нешто што повеќе потсетува на Денот на вљубените од црвената роза? Доколку сакате да ги нагласите усните, црвениот кармин ќе биде вистинскиот избор. Во тој случај, можете малку да ги засенчите очите, да извлечете ајлајнер (ако ви се допаѓа оваа алатка) и да додадете вештачки трепки – за уште позаводлив изглед.

Роза и нијанси на вино

Кога станува збор за бојата на розата, нема да погрешите ако се одлучите за розови нијанси, или кармин во боја на вино. Имајќи предвид дека на 14-ти февруари Св. Трифун е ден на љубовта и виното, еве уште причини да посегнете по оваа нијанса.

И не грижете се, ерата на носење заштитни маски доведе до појава на подобрени формулации на кармини кои траат подолго на вашите усни, за да можете да се опуштите без страв со чаша вино и да се препуштите на бакнежи.

Природен изглед со глам призвук

Ако не сте љубител на розови нијанси, размислете за природна, глам варијанта.

Сè на сè, слободно изберете. И славете ја љубовта секој ден, не само на 14-ти февруари!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma