Пресметајте која должина на коса најмногу ви одговара: Правилото 5.5 ја открива ИДЕАЛНАТА фризура за вас

popara16 февруари, 20221min00
kosa-1-2048x1365

Се што ви треба е линијар, молив и огледало

Кога станува збор за фризурата, секогаш треба да ја изберете врз основа на обликот и цртите на вашето лице.

Некои луѓе претпочитаат пократка, а некои подолга коса, па затоа е важно да ја изберете најдобрата фризура за вас.

Доколку ве интересира која должина на коса најмногу ви одговара, одговорот е обично 5, 5 сантиметри.

Како функционира ова правило?

Верувале или не, може да пресметате која фризура најмногу му одговара на вашето лице, а според правилото кое бара малку математика, оптималната должина на косата зависи од вашата вилица.

Формулата, смислена од тим експерти од линијата нега на коса Џон Фрда, е наменета да пресмета дали повеќе ви прилега кратката или долгата коса. За тоа не треба да одите во фризерски салон, а се што ви треба е линијар, молив и огледало.

Како да пресметате која должина на коса најмногу ви одговара?

  1. Застанете пред огледало.
  2. Земете молив и ставете го хоризонтално под брадата.
  3. Потоа земете линијар и ставете го под прав агол на моливот на ниво на ушната школка.
  4. На крајот, едноставно измерете го растојанието од ушната школка до врвот на пенкалото.

Ако растојанието што го измеривте во последниот чекор е помало од 5, 5 сантиметри, ви стои кратка фризура. Ако е поголема од 5, 5 сантиметри, со подолгата коса сепак ќе изгледате подобро.