Се ближи крајот на чекањето: Објавен е трејлерот за 2-рата сезона на серијата на Нефтликс, „Бриџертон“

popara16 февруари, 20221min00
serija-bridgeton-phoebe-dyvenor-and-jonathan-bailey-830x0

– Драг читателу, дали ти недостигав? – прашува Лејди Вислдаун на почетокот на трејлерот за втората сезона на мегапопуларната серија на Нетфликс „Бриџертон“, која на платформата пристигнува на 25 март.

Помина повеќе од една година откако богатото семејство (и со деца и со пари) ги собори рекордите на овој стриминг сервис и се најде во најгледаните досега, па не е чудно што трејлерот го погледнале повеќе од милион луѓе откако беше објавен.

– Додека членовите на нашето општество го доведуваа во прашање мојот идентитет и намери, овој автор направи само едно. Таа ги усоврши своите вештини. Не, уште подобро! Ги изострив ножевите. За сите вас – гласот продолжува во трејлерот, поради што гледачите заклучуваат дека новата сезона носи уште повеќе скандали.

Инаку, претходно беше најавено дека „Бриџертон“ ќе ја има и третата и четвртата сезона и дека секоја сезона ќе се занимаваат со едно од децата на Бриџертон. Првата се фокусираше на Дафне и нејзината романса со војводата од Хестингс, додека втората ќе се фокусира на нејзиниот постар брат.

Виконтот Ентони Бриџертон веќе го знаеме од првата сезона, која ја заврши со скршено срце, кога љубовницата Сиена го остави и го напушти Лондон. Но, се чини дека страдањата нема да траат долго, бидејќи Кејт Шарма влегува во благородно општество. И исто како и во случајот со неговата сестра Дафне и нејзиниот избраник Сајмон, нивниот почеток нема да биде лесен.

Дали новата серија ќе успее да ја задржи популарноста на првата, останува да видиме на 25 март.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma