ЉУБОВ НА РАБОТА! Еве зошто ТРЕБА да се препуштите на љубовна врска на РАБОТА!

popara16 февруари, 20221min00
522928_x37318_f

Истражувањата покажаа дека паровите кои започнуваат врска на работа подолго се заедно.

Откако некои луѓе, поради корона вирусот, работеа повеќе од дома, враќањето во канцелариите значи и враќање на општествениот живот, флертувањето во кујната или пиењето пијачка после работното време.

Истражувањето на „Career Builder“ покажало дека две третини од луѓето имаат романтични средби со колегите, додека 31 процент од оние кои почнуваат да се забавуваат, на крајот стапуваат во брак.

И покрај зголемената популарност на апликациите за состаноци, паровите кои започнуваат врска на работа сè уште имаат поголема веројатност да ја задржат таа врска.

Со оглед на тоа што со колегите поминуваме 40 часа неделно, што е практично многу повеќе отколку со било кој друг, сосема е логично да се заљубите во некој од работа.

И покрај популарното мото дека „спротивностите се привлекуваат“, практиката покажа дека тоа не е точно и дека сличностите се всушност важни.

Истражувањата покажаа дека луѓето уживаат во друштво на некој со кој имаат слични интереси, степен на образование, вредности, но и место на живеење.

– Романсите на работа најверојатно ќе траат бидејќи се разбирате подобро кога е работата во прашање. Секоја професија има свој јазик и култура, па на пример, нема да му замерите на партнерот што останува прекувремено – вели Анмари Карваљо, која води консултантска фирма за адвокати.

Таа исто така истакнува дека веројатно ќе запознаете некого подобро преку работа отколку ако сте го запознале преку апликација. Сепак, има некои помалку атрактивни аспекти на деловната романса.

Вашите колеги би можеле да се мешаат, најверојатно би биле предмет на приказни и озборувања, а доколку сте во комбинација со некој што е на позиција, постои и грижа за фаворизирање.

Дополнително, се поставува прашањето што ќе се случи ако врската не успее. Секој трет вработен мисли дека раскинувањето со колегите може лошо да се одрази на работата, додека истражувањето покажало дека секој седми всушност ја напушта работата кога ќе заврши романсата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma