Секојдневни навики кои можат да го нарушат вашето здравје

popara18 февруари, 20221min00
Screenshot_1

Секојдневниот живот во последните 2 години не е воопшто лесен. Потребен е поголем напор за да внимаваме на нашето физичко и ментално здравје и да бидеме здрави.

 

Грижата за себе и за вашето здравје почнува со некои секојдневни навики со кои го нарушувате здравјето, но не сте свесни за тоа. Се работи за навики кои можат да остават трајни последици на организмот.

 

Не спиете доволно

 

Ако не се наспиете доволно, вашето срце, мозок и имунолошки систем нема да се одморат. Има сè повеќе истражувања кои го поврзуваат недостатокот на сон со различни заболувања, од рак до срцеви заболувања до деменција. Доволни се 7 до 9 часа дневно на секој човек.

 

Под стрес сте

 

Хроничната изложеност на стрес е причина зошто мозокот произведува повеќе кортизол кој влијае негативно на телото и го ослабнува имунолошкиот систем. Луѓето коишто страдаат од хроничен стрес настинуваат многу често. Вишокот на кортизол му праќа порака на телото да се храни со вишокот на масти при што се зголемува ризикот од појава на рак и срцеви заболувања.

 

Пиете премногу алкохол

 

Претераното консумирање алкохол го зголемува ризикот од срцеви заболувања, респираторни инфекции и најмалку 7 видови рак. За да го избегнете тоа, треба да не пиете повеќе од 2 пијалаци дневно за мажи и не повеќе од 1 пијалак дневно за жени.

 

Осамени сте

 

Чувството на осаменост исто така го зголемува нивото на стрес кој може да предизвика воспаление во телото, да го ослаби срцето, имунолошкиот систем и мозокот. Истражувањата открија дека луѓето коишто се чувствуваат осамено имаат поголем ризик од појава на рак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma