Популарниот актер Бред Пит предизвика шок во Холивуд тужејќи ја својата поранешна сопруга Анџелина Џоли за продажба на дел од нивниот имот во Франција.
Додека сите мислеа дека борбата за старателство им дојде преку глава, на повидок е нова драма. Бред ја тужи Анџелина бидејќи наведува дека договорот од 2014 година бил никој од нив да не го продаде својот дел од имотот.
Анџелина не исполнила дел од договорот, па Бред ја тужеше.
Да се потсетиме, Џоли и Бред заедно го купиле имотот во 2008 година за 28,4 милиони долари, а договорот бил нивните деца да растат таму и да изградат бизнис.