Адријана Лима е БРЕМЕНА: Го чека своето ТРЕТО дете, на необичен начин ја откри добрата вест (ВИДЕО)

popara18 февруари, 20221min00
Adriana-Lima

Во првата објава на популарната платформа таа ја откри добрата вест

Познатата манекенка и поранешна сопруга на српскиот кошаркар Марко Јариќ, Адријана Лима, го чека своето трето дете во 40-тите години, објави таа преку својот TikTok.

На видеото една од најубавите жени на светот може да се види во бел мантил без шминка. Држи тест за бременост кој е позитивен и јасно покажува дека е во благословена состојба.

Му го покажа тестот на нејзиниот избраник додека лежи во кревет и изгледа само што се разбудил, а изгледаше многу изненадено.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

Бразилската манекенка ќе му роди дете на својот нов избраник, филмскиот продуцент Андре Лемерс Трети.

Адријана веќе има две деца од бракот со Марко Јариќ, па двојката го дели старателството над нивните ќерки Валенина, која има 12 години, и Сиена, која е три години помала.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma