3 тајни кои повеќето жени нема никогаш да им ги откријат на партнерите: Ги носат во гроб!

popara20 февруари, 20221min00
horoskopski-znak-koji-najbolje-laze-830x0

Иако искреноста им е многу важна на жените во емотивната врска, колку и да е заљубена и посветена на партнерот, таа засекогаш ќе чува некои тајни за себе.

Љубовните експерти велат дека е уште подобро партнерот никогаш да не дознае некои работи, а ние ви откриваме кои се најчестите работи кои жените ги премолчуваат.

1. Одржување контакт со бившиот

Според истражувањето објавено во 2010 година, речиси 75 отсто од жените одржуваат контакт со бившите партнери, најчесто преку социјалните мрежи. Знаците кои предупредуваат се брзо затворање на прозорецот на екранот или затворање на лаптопот во моментот кога маж ќе влезе во собата.

2. Претходни неверства

Љубовните експерти велат дека ретко која жена му признава на момчето дека ги изневерувала своите претходни партнери. Таа сака да биде совршена и безгрешна во неговите очи.

Исто така, жените мислат дека ова признание ќе ја разниша довербата што партнерот ја стекнал во нив во текот на врската.

3. Што мислат за неговата мајка

Жените знаат колку е посебна љубовта помеѓу мајката и синот и не сакаат да се најдат во средината на таа врска како личност која ја расипува.

Оваа тајна особено строго се чува на почетокот на врската, кога жената сака се да биде идилично. Сепак, повеќето жени кога ќе влезат во брак, донекаде му признаваат на партнерот дека не се многу воодушевени од тоа што свекрвата доаѓа на гости.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma