Криси Тајген започнала со медицински потпомогнато оплодување откако го изгуби своето бебе

popara20 февруари, 20221min00
Screenshot_2

Изгледа дека Криси Тајген е подготвена повторно да се обиде да го прошири своето семејство. Манекенката и сопруга на музичарот Џон Леџенд на Инстаграм објави фотографија од лекови кои се инјектираат за време на процедурата за ин витро оплодување. Ова имплицираше дека таа се надева на уште едно бебе.

 

„Еве сме повторно“, напиша таа, додавајќи емотикон матка.

 

Криси (36) во септември 2020 година објави дека го изгубила својот нероден син Џек. Таа забременила со него по природен пат, додека нејзината ќерка Луна (5) и синот Мајлс (3) биле со ИВФ третман.

 

„Толку многу сакам да бидам бремена и тажна сум што никогаш повеќе нема да бидам бремена“, рече таа три месеци по спонтаниот абортус.

 

Токму поради овој детал многумина се посомневаа дека таа сега решила да се обиде да роди уште едно бебе со помош на сурогат мајка. Во април, изјави за Refinery29 дека таа и Џон имаат неколку замрзнати ембриони.

 

„Ако јас не можам да го направам, некој друг ќе го направи тоа“, рече таа тогаш.

 

Тејген беше оперирана од ендометриоза во февруари минатата година, состојба која предизвикува раст на ткивото на матката надвор од матката и што може да го намали квалитетот на јајце клетката и шансите за бременост.

 

„Јас сум на терапија и не разбирам како не можам да носам бебе затоа што сега имам здрава матка. Мислам дека уште треба да се обидам повторно. Сакам да се обидам повторно. Верувам дека телото ми е подобро сега отколку порано“, додаде таа за Refinery29.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma