Џиџи и Бела Хадид учествуваат во новата кампања на Versace, која предизвика различни реакции во јавноста, но едно е сигурно – никого не остави рамнодушен.
За потребите на кампањата, тие се трансформираа во библискиот лик на Ева, а позираа буквално како од мајка родени.
А фотографијата можете да ја погледнете ТУКА
И двете најинтимниот дел од телото го сокрија со чанти од Mini Medusa по цена од 1.530 фунти, додека нивните голи гради ги криеја долги брановидни перики.
Фотографијата е инспирирана од рајската градина, па околу ногата на Бела е обвиткана змија, а сестрите во раката носат јаболко, симбол на првобитниот грев.