Кралица на стилот! Ријана го прошета дечкото и „трудничкиот стомак“: Овој детал ги воодушеви обожавателите

popara21 февруари, 20221min00
profimedia-0663366695-830x0

Ријана и нејзиниот партнер A$AP Роки го чекаат своето прво дете

 

 

Познатата пејачка Ријана, која го очекува своето прво дете со момчето А$АР Роки, ги воодушеви фановите со својот изглед и романтичниот момент со партнерот во јавноста.

 

Парот вечерал во познат италијански ресторан во Њујорк, а за излегувањето Ријана избрала маица од Њујорк Метс, која и го прекрила трудничкиот стомак. Таа го задржала опуштениот стил, па облекла избледени фармерки и портокалова јакна.

 

Од друга страна, Роки за излегувањето избрал бели панталони и јакна, со акцент на деталите на шарени циркони.

profimedia-0663627112-830x0
profimedia-0663631508-830x0

Кога се појавија заедно, фатени за раце, публиката „полуде“, а папарацо фотографиите од парот ги воодушевија обожавателите на пејачката.

 

Од моментот кога му соопшти на Светот дека е бремена, пејачката со потекло од Барбадос не престанува да го покажува трудничкиот стомак, но овојпат тоа не беше случај.

 

Со оглед на тоа што ја критикуваа дека го покажувала стомакот за време на бременоста, Ријана им ја „затвори устата“ на злите јазици.

 

– Уживам да не се грижам за покривање на стомакот. Ако се чувствувам малку буцка, не е важно. Тоа е бебе! – објаснила Ријана претходно во интервју за магазинот „ People “.