Како навистина да се решите од подочниците: Не е само до недоволниот сон!

popara23 февруари, 20221min00
1645278498-profimedia-02957129761-750x500

Зафатениот живот и недоволното спиење влијаат на нашето здравје, но и на изгледот. Еден од најјасните знаци дека нашето тело е исцрпено се темните кругови. Еве како да се ослободите од нив.

Различни фактори доведуваат до отечени очи и темни кругови под нив: неправилно спиење, недоволно внесување вода, сезонски алергии, прекумерно внесување сол, плачење, неправилно отстранување на шминка пред спиење, лоша исхрана…

„Times of India“ објави стручни совети кои можат да бидат корисни за контрола на проблемот со отечените очи, доколку се применуваат во секојдневната рутина.

1. Јадете правилно, особено јадете храна богата со калиум како лиснат зелен зеленчук и банани.

2. Ладна облога над очите со кесички чај, крпа наполнета со мраз или парчиња краставица или компир.

3. Користете добар крем за очи кој помага да се намали воспалението и да се негува кожата за да се зголеми нејзината еластичност.

4. Погрижете се добро да спиете шест до осум часа за да и помогнете на вашата кожа да се регенерира.

5. Секогаш пијте доволно вода за да ја одржувате кожата хидрирана.

6. Ограничете го внесот на алкохол бидејќи ја дехидрира кожата и ја прави сива и безживотна.

7. Спијте во положба во која грбот ви е исправен, со една перница, бидејќи го намалува задржувањето на течности околу очите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma