Членовите на кралското семејство многу често поставуваат нови модни трендови, а Меган Маркл уште еднаш покажа како можеме да бидеме забележани во својата едноставност.
Првата јавна средба на Меган Маркл со членовите на кралското семејство во последните две години се одржа минатиот викенд во Калифорнија.
Војводата и војвотката од Сасекс отишле на вечера со принцезата Евгенија и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк.
Како и секогаш под будното око на јавноста, Меган внимателно ги избира своите комбинации на облека.
Војвотката од Сасекс за оваа пригода избра бел костум, а бидејќи во тренд е предимензионираната облека, Меган облече предимензионирана јакна и панталони кои одлично се поклопуваат со нејзиниот стил.
Иако вечерните комбинации се претежно црни или други темни и ладни бои, белата комбинација на Меган донесе елеганција и свежина, а со тоа го привлече вниманието на присутните.
Братучедката на Хари, принцезата Евгенија, е првиот член на британското кралско семејство што го запозна второто дете на славната двојка, малата Лилибет Дијана. Бидејќи Хари и Меган живеат во Соединетите Држави веќе две години и за тоа време се случува пандемија на корона вирусот, најблиските на Хари сè уште немале можност да ги посетат Сасексови. Евгенија беше првата што го стори тоа, а посетата на Америка ја искористи за да присуствува на неодамна одржаниот Супер Боул со принцот Хари.