3 здравствени придобивки од витаминот Ц: тој е клучот за силен имунитет и здравјето на кожата

popara26 февруари, 20221min00
Screenshot_1

Внесувањето доволно витамин Ц е од големо значење за имунолошкиот систем и другите функции во телото

 

Витаминот Ц е многу важна хранлива материја за нашето здравје. Внесувањето доволно од овој витамин е особено важно за одржување на здрав имунолошки систем.

 

Витаминот Ц е суштинска хранлива материја за човековото здравје, а неговото хемиско име е аскорбинска киселина. Внесувањето доволно витамин Ц е важно за имунолошкиот систем и другите функции во организмот, кои во голема мера зависат од квалитетот на исхраната, односно хранливите материи кои ги внесуваме преку овошјето, зеленчукот и другата храна.

 

Бидејќи витаминот Ц е растворлив во вода и нашето тело излачува вишок количини во рок од неколку часа кога го консумираме, доста е тешко да се внесе премногу. Всушност, речиси е невозможно да се апсорбира премногу витамин Ц од самата исхрана.

 

Овој витамин придонесува за здраво функционирање на организмот, а ова се неговите три главни здравствени придобивки.

 

  1. Го стимулира производството на колаген

 

Колагенот придонесува за еластичноста на кожата и и дава младешки изглед. Меѓутоа, со возраста, телото произведува се помалку и помалку.

 

За да се одржи младешкиот изглед, експертите препорачуваат редовно внесување на витамин Ц. Тоа е затоа што го забрзува производството на фибробласти и на тој начин ја регулира синтезата на колаген.

 

Исто така, бидејќи има антиоксидативно дејство, помага да се неутрализираат оштетувањата од слободните радикали

 

  1. Го зајакнува имунитетот

Витаминот Ц е еден од најважните сојузници на доброто здравје и силен имунитет, а најдоброто нешто во него е што можете да го внесете на едноставен начин, односно преку омиленото овошје и зеленчук.

 

Овој витамин учествува во повеќе од 300 биолошки процеси во организмот, а бројни студии ја потврдиле неговата неопходна улога во развојот на имунолошките реакции.

 

  1. Ја заштитува кожата од сонце

Слободните радикали доведуваат до оксидативен стрес и видливи знаци на стареење на кожата. Антиоксидансите можат да ја заштитат кожата со апсорпција на УВ зраците и спречување на оштетувањето на слободните радикали предизвикано од УВБ зрачењето.

 

Ова секако не значи дека наместо крема за сончање треба да користите антиоксиданс како витамин Ц, но може да ви обезбеди дополнителен слој на заштита.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma