Ума Турман: „Мразам да ги разочарувам луѓето. Сите би сакале да биде така, но мислам дека тоа нема да се случи наскоро“

popara27 февруари, 20221min00
1684719063621643c54d31a155849970_v4_big

Во подкастот на „Jess Cagle Show“, Ума Турман зборуваше за потенцијалниот трет дел од филмот „Kill Bill“ и изјави дека не сака да ја разочара публиката, но потврди дека, иако за продолжението се зборува со години, проектот се уште е „на чекање“.

“За тоа се зборува со години. Имаше размислување за да се оствари, но многу одамна”, рече таа.

Добитничката на Златен глобус за време на епизодата на подкастот „SiriusXM“ изјави дека не го гледа  третиот дел од филмот во блиска иднина.

“Не го гледам тоа на хоризонтот во моментов. Мразам да ги разочарувам луѓето. Сите би сакале да биде така, но мислам дека тоа нема да се случи наскоро”, објасни таа.

Актерката работеше со филмскиот режисер Квентин Тарантино на филмот од 2003 година „Kill Bill: Volume1“ и неговото продолжение од 2004 година, во улога на Беатрикс “The Bride” Kido.

Претходно, Тарантино ги оживеа гласините за крајот на трилогијата, откривајќи во 2019 година дека разговарал со Ума Турман за тоа како ќе изгледа третиот филм. Тој изјави дека уште еден дел е „дефинитивно во план“.

Во таа прилика тој истакна дека има идеја која би била интересна, но дека не планира да го започне проектот во следните неколку години.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma