Еве како сами да направите маска за лице и да се подмладите
Поради својот состав, позитивно влијае на изгледот и квалитетот на кожата.
Го враќа сјајот и еластичноста, а редовното користење на оваа маска многу брзо ќе ги намали брчките на вашето лице.
Квасецот содржи комплекс од витамини Б, како и минерали, амино киселини и антиоксиданси.
За оваа маска ви се потребни само 3 состојки, се користи еднаш неделно, а првите резултати можете да ги видите после еден месец.
Потребно е:
- 1 кесичка квасец
- 1 белка
- 1 лажица лимон
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и почекајте малку да нарасне квасецот. Потоа нанесете ја маската на лицето и држете ја на кожата додека не стане целосно цврста и сува.
Потоа исплакнете ја маската со млака вода и нанесете крема за лице.