Седум феноменални начини на кои можете да ја користите пастата за заби за да го исчистите домот

popara2 март, 20221min00
Pasta-za-zube-2048x1365

Одлична помош за отстранување и на најтврдоглавите дамки

Кога другите средства не помагаат, а упорните дамки не сакаат да исчезнат, решението е пастата за заби.

Ако не сте знаеле, освен за миење заби, можете да ја користите на многу начини.

За сè да биде поинтересно – таму каде што скапите средства за чистење не се ефективни, тука е пастата.

Дамки на чевли

Само ставете малку паста на влажна крпа и исчистете ги чевлите.

Го извлекува мирисот од бебешките шишенца

Киселиот мирис на млеко понекогаш е тешко да се извлече со вриење, но комбинацијата од топла вода и паста за заби ќе делува. Добро исплакнете.

Ги чисти кредите во боја и боичките од ѕидот

Не паничете откако децата ќе почнат да чкртаат по ѕидот. Едноставно ставете малку паста на влажна крпа и нежно исчистете.

Сјај за хромирани површини

Пастата за заби совршено ќе ги исполира славините и држачите за туширање. Потоа само исплакнете.

Ги смирува убодите од комарци

Следниот пат кога ќе ве касне комарец, нанесете малку паста за заби. Ќе престане да ве чеша и ќе ја смири кожата.

Ги чисти дамките на тепихот

Ставете ја пастата директно на дамката и тријте со четка. Исплакнете малку, па повторете додека не исчезне дамката.

Исчистете го мијалникот

Ако ви капнала паста додека ги четкате забите, искористете ја – одлична е за миење на лавабото. Земете сунѓер, истријте и исплакнете – ќе изгледа совршено.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag