Актерката Блејк Лајвли на еден настан се појави во елегантно, но и провокативно издание
Оваа ѕвезда е позната по својот инстант моден вкус и е една од ретките кои немаат стилист.
За овој настан таа избра моќен монохроматски стајлинг во светло сина боја: кроп топ, молив здолниште и јакна.
Таа сè зачини со високи потпетици, како и со неизбежниот црвен кармин.
Да потсетиме, Блејк има три ќерки со актерот Рајан Рејнолдс, а ова е една од ретките вечери кои ги поминува без нив!
Блејк истакна дека ова е нејзиното „прво вечерно шоу досега, кое е многу возбудливо“:
„Можев да ги заспијам децата, а потоа скришум да излезам надвор, а сега живеам сосема поинаков живот“, се пошегувала Блејк.