Актерката направи спектакл, иако нејзиниот моден избор беше прилично едноставен, но тајната на заведувањето и големиот впечаток се криеше во вешто одбраните детали.
Зои блесна во креацијата на Оскар де ла Рента, направена по нарачка, а овој црн плишан фустан го истакна нејзиното витко, хармонично тело и ги разгоре страстите благодарение на предизвикувачките модни моменти.
Имено, самиот фустан беше многу минималистички, со класичен крој со горен дел во форма на корсет и без раменици, но модерен, секси печат даде чипкањето во деколтето, кое допираше речиси до папокот!
Прославената 33-годишна девојка очигледно не носеше градник, но повторно впечатокот беше далеку од евтин или вулгарен. Интересно е што фустанот бил украсен со корпи на градите кои требало да ја имитираат главата на мачка, се со цел да се алудира на ликот на Зои на жената-мачка во филмот.
Актерката го заокружи изданието со класични црни салонки, дискретни, дијамантски обетки и феноменална шминка и фризура.
Инаку, Зои неодамна откри дека нејзиниот лик во оваа верзија на Бетмен е всушност бисексуалец.