ОВА СЕ ПОЗИТИВНИТЕ СВОЈСТВА НА СОКОТ ОД КАЛИНКА Ја обновува кожата, а може да се чува во фрижидер дури до два месеци

popara3 март, 20221min00
Screenshot 2022-03-03 192244

Како што препорачуваат нутриционистите, една калинка дневно може да ве регенерира, особено ако земете шака зрна или чаша сок на празен стомак.

Напорот и времето што ќе го вложите во чистењето на ова овошје ќе се видат на вашата коса и кожа, а ќе забележите дека притисокот не ви варира, дека зглобовите помалку ве болат, а мажите ќе бидат посигурни во својата сексуална моќ.

Само една чаша чист сок од калинка има повеќе антиоксиданси од црвеното вино, зелениот чај, боровинките и брусницата.

Полн е со витамин Б, калиум и фолна киселина.

Некои истражувања покажаа дека содржи компоненти кои го подигаат нивото на серотонин, хормонот на среќата и дека благотворно делува на депресивните и анксиозните луѓе.

Научниците тврдат дека сокот од калинка може да биде голема помош за мажите кои имаат проблеми со ерекцијата.

Сокот од калинка дневно делува како вијагра и ја подобрува потенцијата благодарение на изобилството на антиоксиданси, кои доведуваат до подобар проток на крв во гениталиите.

Во фрижидер трае до два месеци

Сок од калинка можете да најдете во текот на целата година, но не и свежо овошје.

Сепак, „бобинките“ од калинка може да се чуваат во кеси во фрижидер дури до два месеци. Одлично се комбинираат со свежи салати, ги збогатуваат со боја и вкус.

Сокот може да послужи и како водичка за миење на устата, бидејќи има антибактериски својства.

Разредете го сокот со вода во сооднос 1:3 и исплакнете ја устата неколку минути пред да ги измиете забите.

Покрај сокот и зрната свежо овошје, се користи и маслото, кое е многу корисно, особено за косата, ноктите и против кутикулите. Маслото од семки од калинка може да се најде во аптеките и продавниците за здрава храна.

Доколку сакате да ја вратите мекоста на кожата, направете мешавина од четири лажици мед и шест лажици маслиново масло во која ќе додадете 120 милилитри вода и две лажици свеж сок од калинка. Со добиената смеса треба да го измасирате целото тело. Оставете да делува околу половина час, а потоа истуширајте се.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma