СЛАВНАТА „ПРИЈАТЕЛКА“ ПОБЕГНАЛА ОД СВОЈОТ ДОМ: Видела нешто што ја преплашило, веднаш потоа ја продала куќата!

popara5 март, 20221min00
Courteney-Cox (1)

Познатата пријателка Кортни Кокс тврди дека видела дух во нејзиниот дом во Лос Анџелес.

Актерката гостуваше во шоуто на Џими Кимел за да го промовира својот нов филм, хорор-комедијата „Shining Vale“. Кимел ја прашала дали некогаш видела дух и била изненадена од нејзиниот одговор. „Не верував на почетокот“, рече Кокс, додавајќи дека сопствениците на нејзината куќа биле бурлеска танчерката Џипси Роуз Ли и музичарката и писателка Керол Кинг.

Таа тврди дека Кинг дошла кај неа еден ден за да има сеанса за протерување на духот од имотот. Таа вели дека цело време била скептична. „Керол Кинг дојде кај мене и ми кажа дека во таа куќа имало развод кој завршил многу лошо и дека во куќата има дух. Мислев „Нема шанси“. Но, другите луѓе кои беа во таа куќа, моите пријатели, ми кажаа дека сретнале жена која седела на работ од креветот“, опишала Кокс.

Таа додава дека се замислила откако дошол кај неа доставувач и рекол нешто што многу ја исплашило. „Еден ден бев во куќата, навистина не верував во тие паранормални работи. И заѕвони ѕвончето. Беше доставувач и ја отворив вратата и ми рече: „Дали знаеш дека оваа куќа е опседната?“ Реков: „Да, зошто? Зошто мислиш така?’. Потоа го покажа прстот зад мене и ми рече: „Затоа што некој стои зад тебе“. Тоа беше моментот кога реков дека е доволно, ја продавам таа куќа“, го опиша своето паранормално искуство. После тоа си ги спакувала работите и се оддалечила бидејќи повеќе не можела да спие во таа куќа.