Ја намалува болката во вратот, го поправа варењето: Зошто треба да внесете ПИЛАТЕС во вашето секојдневие?

popara6 март, 20221min00
pilates-2048x1166

Пилатесот е склоп на вежби со слаб интензитет, кои заедно допринесуваат за флексибилност, моторика и циркулација.

Корисен е и за подобрување на држењето на телото и има фантастичен ефект врз јачината на стомачните мускули.

Во исто време, пилатесот е одличен за ослободување од болки и напнатост во телото. Доброто кај пилатес е тоа што ви треба само време за овие вежби, бидејќи тие не вклучуваат никакви дополнителни реквизити.

Свесност за телото

Експертите за пилатес велат дека овие вежби се всушност корисни за подигање на свеста за сопственото тело, а научените лекции ќе можете да ги искористите во секојдневните активности, како готвење или четкање заби.

Не станува збор за некоја длабока филозофија, работата е всушност прилично едноставна. Пилатесот помага да станете свесни за тоа како се движите, и да воочите кога тоа не го правите како што треба.

На пример, дека хроничната болка во вратот е последица на повеќечасовното седење на компјутер или телефон.

Зајакнување на телото

Пилатесот ги зајакнува стомачните мускули, грбот и целото тело, а доколку добро го искомбинирате со други вежби, ќе го добиете посакуваниот рамен стомак. Имајте на ум дека тоа не значи дека пилатесот ќе ви помогне да се ослободите од масните наслаги од стомакот ако немате добра исхрана и често вежбање.

Добро за здравјето

Истражувањата покажаа дека пилатес е добар за ублажување на главоболката. Потоа, овие вежби се ефикасни за подобрување на варењето, а се покажало дека добро делуваат и на расположението.

Колку повеќе вежбате, толку повеќе кислород добива вашиот мозок. Крвта се збогатува со кислород и станува поквалитетна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma