
– Со серијата „Peaky Blinders“ никогаш не излегов од капијата во таа улога – изјави актерот Џо Кол.
Актерот Џо Кол, кој го глумеше Џон Шелби, откри дека ја напуштил серијата „Peaky Blinders“ бидејќи како што изјави „тоа е шоу на Килијан Марфи“.
– Со серијата „Peaky Blinders“ никогаш не излегов од капијата на таа улога. Тоа е навистина шоу на Килијан – изјави Џо Кол за „Метро“.
Да се потсетиме, Килијан Марфи го игра главниот лик Томи Шелби во популарната криминална драма, од која моментално се емитува шестата сезона на Би-Би-Си.
Џо Кол се свртел кон други проекти, пред се на серијата „Gangs of London“, каде што го игра главниот лик Шон Валас, кој е во потрага по луѓето кои го убиле неговиот татко, нарко босот Фин Валас.
– Последните неколку години ги отфрлав сериите поврзани со банди, бидејќи кога серијата оди добро, ви се нудат многу такви. Всушност решив да ја напуштам „Peaky Blinders“ затоа што сакав да истражувам нови патишта, нови ликови и нови приказни – изјави Џо Кол, пренесува „Дејли мејл“.