КОЛКУ МОЖЕ ДА ТРАЕ БРАШНОТО? Еве како да препознаете дали е расипано!

popara8 март, 20221min00
397837_pesce-huang-pgjbkuqn27k-unsplash_f

Со брашно подготвуваме разни теста и колачи. Сепак, веројатно некогаш сте се запрашале каков е рокот на траење на брашното

Иако брашното е термички обработена храна и само по себе содржи мала количина на влага, исто така треба да се ракува правилно со него.

Обично е најдобро да се користи 6-8 месеци по напишаниот датум, додека брашното од цели зрна најдобро е да се користи 4-6 месеци после тоа.

За да го продолжите рокот на траење на брашното, можете да го чувате во фрижидер или дури и во замрзнувач. Со чување на брашното во фрижидер, можете да го продолжите рокот на траење до една година, додека во замрзнувач може да го продолжите до две или три години.

Видот на брашното исто така игра клучна улога, а најдолго може да се чива обичното бело брашно, додека она со интегрални житарки – вклучително и цели зрна – има пократок рок на траење.

Како изгледа расипано брашно?

Еден од најдобрите показатели дека брашното е расипано е мирисот. Ако забележите дека брашното добило мирис – главно ужегнат, тоа веројатно е знак дека треба да се збогувате со него, дури и ако рокот покажува поинаку. Важи и спротивното, ако рокот е истечен, но брашното сè уште нема мирис – можете да продолжите да го користите некое време.

Знак дека брашното е расипано може да биде и кога ќе ја промени бојата или кога ќе се појават мувла или молци.

Влажноста или високите температури најчесто доведуваат до појава на молци, но дури и да го чувате брашното на темно место во оставата, не сте ја завршиле работата. Најдобрата опција да го заштитите од инсекти и мувла е да не го чувате во хартиени кеси, туку во затворена тегла или фрижидер.

Треба да биде суво и темно место

Топлината и сончевата светлина може да го расипат брашното дури и порано отколку што пишува на задната страна на пакувањето, затоа погрижете се да е подалеку од рерната или други извори на топлина и светлина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma