Убавата актерка им позираше на фотографите со старлетата Ким Кардашијан, која беше во комбинезон направен од жолта изолир лента на која пишува „Balenciaga“
Холивудската актерка Селма Хајек (55) имаше силна „изјава“ за време на модната недела во Париз.
Имено, Селма присуствуваше на ревијата на брендот „ Balenciaga “, а сите погледи беа вперени во неа.
Убавата актерка им позираше на фотографите со старлетата Ким Кардашијан, која беше во комбинезон направен од жолта изолир лента на која пишува „Balenciaga“.
Сепак, вниманието го „украде“ Селма, која беше облечена во фустан во боите на знамето на Украина.
Актерката јасно и даде поддршка на оваа земја, а многумина тоа го протолкуваа како прекрасен гест.
„Преубаво, секој дел од неа“, „Селма е прекрасна личност“, „И треба да поддржува, сите да поддржуваат“, се само дел од коментарите.