РУЧЕК ГОТОВ ЗА МОМЕНТ Посни плескавици од компири – исклучително хранливи и вкусни (РЕЦЕПТ)

popara10 март, 20221min00
Screenshot_2

Состојки за посни плескавици од компири:

 

  • 500 гр компири
  • 5 лажици брашно
  • 100 гр парчиња соја
  • две лажици доматно пире
  • презла
  • масло
  • сол
  • бибер

 

 

Посните плескавици од компири се подготвуваат на следниов начин:

 

Компирите се лупат и се варат во солена вода (внимавајте да не се преварат). Исцедете ги и оставете да се изладат.

Истурете млака вода во парчињата соја и оставете ја да набабри, па добро исцедете ја.

 

Компирите убаво истискајте ги со месење, да се добие еднолична маса. Додадете брашно, доматно пире и соја, па добро измешајте и зачинете по вкус.

 

Од добиената смеса формирајте подебели плескавици, па секоја убаво извалкајте ја во презла и истапкајте со прстите. Се пржат на врело масло и се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотии. Послужете топло.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma