Самали е традиционална грчка торта од гриз прелиена со сируп. Во овој рецепт сирупот се прави со ракија или бренди, што ќе му даде посебен вкус… Доколку навистина не сакате да го правите со алкохол, можете да го замените со некоја друга состојка.
Состојки:
320 гр гриз
100 гр шеќер
120 ml вода
60 ml сок од портокал
2 лажички прашок за пециво
30 гр печени и сечкани бадеми
За сируп:
360 ml вода
300 гр шеќер
1/2 чаша ракија
Подготовка:
Измешајте ги гризот, шеќерот, водата, сокот и на крајот додадете го прашокот за пециво. Измешајте добро и оставете околу 20 минути до половина час.
Калапот со пречник од 20 см подмачкајте го со масло и истурете го тестото. Убаво исцедете и посипете со сечканите бадеми.
Се пече во загреана рерна на 180 ° C околу 50 минути.
Сируп: Измешајте ги шеќерот и водата и варете додека не зоврие, па оставете уште 10 минути. На три минути пред крајот додадете ракија или бренди и промешајте.
Оладениот колач прелијте го со врелиот сируп.