ДАЛИ ВИ СЕ ГАДИ ЗА ВРЕМЕ НА ПАТУВАЊА? Еве како да го решите тој проблем

popara11 март, 20221min00
367034_x6_f

За некои, самата помисла на патување е доволна причина да почувствуваат мачнина. Каде и да одат, не можат без апчиња бидејќи не поднесуваат патувања, без разлика дали се возат со автомобил, авион или автобус.

Мачнина, вртоглавица и нагон за повраќање се само некои од симптомите кои погодуваат дури 65 отсто од патниците. Експертите сметаат дека ваквите појави, иако непријатни, се нормални. Доколку имате потешкотии со патот, погледнете како можете да ги спречите или барем да ги ублажите симптомите на оваа „патувачка болест“.

Лесна храна

Пред да одите на пат, јадете лесна храна како житарки или овошје. Избегнувајте алкохол и зачинета храна, бидејќи ќе страдате од стомачни тегоби, а повраќањето ќе биде неизбежно. Пијте вода или лимонада, бидејќи витаминот Ц освежува, а водата нема да ви дозволи да дехидрирате поради потење.

Пробајте го и ова

Во спречување на симптомите помага и длабокото дишење, според едно американско истражување. Бидејќи гадењето често ги погодува децата на возраст меѓу две и 12 години, од клучно значење е да им се сврти вниманието додека возите, на пример, играјќи игри, слушајќи музика или гледајќи низ прозорецот со минимални движења.

Природни чаеви

Мачнината можете да ја ублажите и со пиење чај од камилица, кој ќе ги смири сите грчеви и стомачни болки.

Изберете седиште

Доколку патувате со авион, треба да знаете дека „најмирните“ седишта се на средина и има најмалку турбуленции. Во автобус избегнувајте да седите на седиште спротивно од правецот на патување, а доколку патувате со автомобил најдобро е да седите на совозачкото седиште.

Маслинки и ѓумбир

Мачнините за време на возењето ќе исчезнат со помош на две или три маслинки. Танинот што го содржат го намалува производството на плунка и ја ублажува мачнината. Важно е да ги јадете непосредно пред поаѓање бидејќи тогаш се најефективни.

Таблети против гадење

Доколку земате таблети против гадење, земете ги час или половина час пред поаѓање. Таблетите нема да ви помогнат веднаш доколку ги земете додека возите.

Етерично масло од нане

За да спречите гадење додека патувате, половина час пред патувањето ставете една до две капки есенцијално масло од нане на марамче и вдишете длабоко низ него. Можете да користите и марамчиња со мирис на нане.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma