МАСЛА КОИ ЈА ШТИТАТ КОСАТА! Ако ви опаѓа косата ставете го ОВА, а оние кои имаат првут нека користат БАДЕМОВО МАСЛО

popara15 октомври, 20221min00
483157_kosa_f

Светските стилисти велат дека маслата се една од главните состојки во различните козметички производи, особено оние за коса, па нахранете ја косата со овие капки

Погледнете кои масла се ефикасни за раст на косата, против првут и испукани врвови.

Палмино масло

Ако ви опаѓа косата, тогаш палминото масло е вистинскиот избор за вас. Ова масло содржи каротеноиди, па затоа е богат извор на витамин А, кој го храни фоликулот на косата. Втријте палмино масло во коренот на косата околу 30 минути пред да ја измиете. Потоа измијте ја косата со шампон. Постапката повторувајте ја еднаш неделно.

Маслиново масло

Ова масло помага кај виткана коса и испукани врвови. Втријте топло маслиново масло по целата коса, а потоа измијте ја. Ако имате малку повеќе време, ова е една од најдобрите маски за коса – средно изматени белки, една лажица маслиново масло и една лажица мед. Добро соединете ги состојките, нанесете ја смесата на косата, почекајте да се впие, па измијте ја.

Рицинусово масло

Ако сакате долга и сјајна коса, тогаш рицинусовото масло е најдобриот избор. Дејствува директно на коренот на косата, обезбедувајќи побрз раст и поголем волумен. За уште подобар квалитет на косата, комбинирајте еднакви количини масло од рицинус, сусам, кокос и бадем. Смесата ставете ја на косата десетина минути, а потоа измијте ја со шампон.

Бадемово масло

Ова масло содржи антиоксиданси, протеини, витамин Е и масни киселини. Сите овие компоненти ви се потребни доколку имате проблем со испукани врвови, груба коса и првут. Важно е да го нанесете ова масло после миење, додека косата е сеуште влажна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma